Македонија
3. August 2021 - 19:53

Имунизацијата на најниско ниво во градовите каде има најмногу нови случаи

Тетовци не одат на вакцинација а градот во моментот е најголемо жариште на ковид 19 во земјата. Во градот под Шара само 19 проценти е опфатот на вакцинирани со прва доза а многу помалку односно околу 18 отсто е имунизацијата во Кичево, Гостивар и Дебар каде последните денови расте бројот на новозаразени. За разлика од Западна Македонија во јужниот регион има најголема заинтересираност на населението за вакцини. Во Кавадарци скоро половина од популацијата примила прва доза а над 46 проценти делумна заштита имаат и гевгеличани.

Големи бројки на граѓани кои поминале низ пунктовите регистрирале и во Битола, Штип и Охрид.

Во болница има хоспитализирано и вакцинирани, но тој број е многу мал и според лекарите кај нив доминирале хроничните заболувања при влошување на остојбата.

-Има и вакцинирани, но ниедна вакцина не штити 100 проценти..но важно е дека нема тешка клиничка слика и затоа што повеќе вакцинирани ќе значи и помалку оптеретеност на болничките капацитети, изјави др. Милена Стевановиќ, директор на Клиника за Инфективни болести.

Од Министерството за здравство велат дека заклучно со 1 август, 31 процент од населението над 18 години примиле една доза на вакцина. Дневното темпо е околу 3000 боцнати а на располагање на граѓаните им се околу 200 000 вакцини од Sиновак, Астра Зенека и Фајзер.