Балкан
11. јуни 2019 - 13:11

Импичмент за претседателот Мета в четврток

Барањето за импичмент за претседателот Илир Мета ќе биде в четврток на пленарна седница на албанскиот парламент,како прва точка на дневен ред.

Ова денеска е договорено на средбата на спикерот на Парламентот Грамоз Ручи со координаторите на пратеничките групи. Расправата ќе трае пет часа и времето ќе биде пропорционално распределено меѓу парламентарните групи,при што најмногу време ќе се даде на парламентарната група на Социјалистичката партија.

По завршување на дебатата ќе биде усвоена Нацрт-Резолуција за причините за барањето за разрешување на шефот на државата.

Како што се дознава во Нацрт-Резолуцијата ,меѓу другото стои дека албанскиот парламент уредбата на претседателот Мета за одлагање на локаланите избори ја смета за „апсолутно неважечки чин, донесен вон уставните и законските овластувања на институцијата претседател и како таков се смета за ништовен и како никогаш да не постоел“.

Исто така се искажува целосна поддршка на одлуката на Централната изборна комисија за продолжување на изборниот процес.