Македонија
21. јуни 2019 - 16:11

Имињата на новите министри во недела ќе бидат испратени во собрание

Одлуките за тоа кои министри и заменици министри треба да заминат, а кои да влезат во владиниот кабиент се донесени, но наместо денеска попладне, предлозите за разрешување и избор до пратениците ќе стигне во недела попладне. Премиерот Зоран Заев за неколку дена ја одложи владината реконструкција поради регионална финансиска конференција. Иако знае кој треба да биде опфатен со најавената метла на највиоко ниво, сепак не открива ниту ресори ниту имиња.

Но додека премиерот не соопштува имиња, коалициските партнери веќе ги објави нивните предлози. „Алетренатива“ денеска го соопшти својот предлог за министер за култура  –  Хисни Исмаили, лекар и професорот од тетовски унверзитет.

Нов минситер за локална самоуправа веќе е познато дека ќе биде пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски. НДП пак, добива министерскотот столче без ресор. Насер Нуредини од ДУИ кој ќе го замени Садула Дураку во министерството за екологија, кој пак ќе стане прв министер во новото министерство за политички систем. Остануваат енигма само министрите на СДСМ.

Дека партиите дале предлози, тој как мандатр одлучува, дека нема проблем во сдсм и дека следи вториот бран со директори на крај од месецот, како и дека следи поплнување на 20 општински организации во сдсм и потпретседатели кое е поврзани со смените во извршната власт.

Заев веќе најави дека нема да смени повеќе од 8 министри што значи дека во Собранието нема да тече постапка како за избор на нова Влада.  За изборот на секој министер на власта ќе и треба апсолутно мнозинство од 61 пратеник. Седницата се очекува во текот на идната недела.