Македонија
10. August 2019 - 17:07

Името на Заев во преговорите помеѓу Боки 13 и Камчев

Во 27минутната трета по ред аудио бомба објавена во италијанскиот весник Ла Верита, за прв пат се спомнува и името на премиерот Зоран Заев. Бојан Јовановски кој е осомничен во случајот Рекет во разговорот со бизнисменот Орце Камчев му ветува дека Заев нема да прави проблеми. Конверзацијата меѓу двајцата е околу враќањето на пасошот на Камчев и затворање на случајот Империја на СЈО, во кој е еден од обвинетите.

БЈ: Уште една слика. И ова исто меѓу нас..

ЈК: Што?

БЈ: Да видиш како ми е дома наместено. Беше и З.З.

ЈК: Добро па ти за нив ја играш играта. Дај малце винцето од пред врата донеси ми. Мислам дека  и З.З нема да прави проблем за мене.

БЈ: Ја разговарав, сега у понеделникот.

ЈК: Со него? Нема да прави проблем така?

БЈ: Не не. Само немој да петљаш….

ЈК: Абе у живот немам ништо со Трајче. Коа ми кажа ти, на Ана си и пуштил порака Бугарите да не се мешаат не се јавија више. Се јавија? У затвор бев јас Боки. Ти сии  кажал на Ана, молим те да не се мешаат. Не се ни јавија. Они покушаа нешто, тие ми се пријатели, пријател треба да проба, ама сега знаеме кој кључ може да отвори врата.

Во разговорите меѓу Боки 13 и Камчев се споменуваат и бизнисмени за кои има индиции дека се вмешани во Рекет, но и имиња на политичари од сегашната и претходната власт против кои има и постапки во СЈО. Во третиот разговор, според весникот Ла Верита, се слуша и гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која кажува дека обвинителката Лиле Стефанова без неа не може ништо.

БЈ -Тој  се плаши од Лиле (обвинителката Стефанова)“

КЈ -  „Јас сум многу ангажирана, затоа не ја држам под контрола, инаку без мене таа не може ништо“. 
БЈ -„Му кажав јас дека таа е под тебе, и дека не смее ништо да направи.

Обвинителката Јанева се појавува во уште еден телефонски разговор меѓу камчев и Боки 13, околу спогодбата за случајот Империја.

ЈК – Зошто е испратена покана до уште осум лица, Ана ми кажува, и за брати и има?

БЈ - Тоа не е ништо“.Тоа е подобро заради постапката, за на крај да биде силна спогодбата“.

КЈ - „За малку активности да има во април“,

ЈК -„Шминка, шминка“

Во последните аудио разговори, Боки 13 и Камчев зборуваат и за исплата на неколку милиони евра во неколку фази.