Македонија
4. јуни 2021 - 11:46

Имер Селмани заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје?

Поранешниот министер за здравство и бизнисмен од Сарај, Имер Селамани најверојатно ќе биде заеднички кандидат за градоначалник на Скопје на СДСМ и ДУИ, пишуваат албанските медиуми, би можел да биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети најави изненадување кое ќе го соопшти во сабота.

„Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети по повод 19-годишнината од основањето на партијата, на 5 јуни (05.06.2021) во сабота, во 12:00 часот, ќе им се обрати на граѓаните.

Претседателот Ахмети преку социјалните мрежи ќе ја пренесе пораката упатена до сите членови на партијата и воопшто до сите граѓани на нашата земја.“ – велат од ДУИ.

Медиумите пишуваат дека изненадувањето е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани за градоначалник на Град Скопје. Заев  за ова „изненадување“ рече дека „ќе биде добро за државата“.