Живот
15. November 2016 - 12:29

Имате проблеми? Она што прво ќе го здогледате на сликата одредува што моментално ве мачи

Што на прв поглед гледате на сликата?
 
Јаболко - симбол на животот, мудроста и здравјето. Претставува потполност, апсолутност и единственост. Означува личност полна со љубов и весел дух.
 
Половина јаболко тука наговестува кратка но страствена авантура.
 
Пеперугата е симбол на животот за нешто ново и радосно.
 
Ќе го ослободите од себе времето кое веќе подолг период ве оптоварува.
 
Ќе почуствувате дела сте млади и безгрижни, ќе уживате во среќата на своето постоење.
 
Ве чека среќа во љубовта, уживајте во потполност.
 
Пеперугите се поврзуваат со убавина и нежност, во Кина претставуваат како еден од најсилните симболи на љубов.
 
Самиот поглед на овој весел инсект е доволен да ја сфатиме позадината на асоцијацијата: нејзиниот лет од цвет на цвет е јасен приказ кој човекот секојдневно го остварува со околината.
 
Симбол на она кон кое што тежнее секој човек - да остане вечно млад, макар и во срцето!
 
Ножот вели дека дошло време да направите драстични промени во животот.
 
Време е да "пресечете" нешто старо.
 
Ножот е симбол на лутина, агресија или разделување. Значи треба нешто да отстраните од својот живот. Можеби во прашање е слабеење или пак прекин на некои врски или односи. Бидете одлучни и јасни. Исто така ножот претставува и некој вид на сексуална тензија и сексуално спротиставување.
 
Гасеницата зборува за вашиот страв и збунетост.
 
Симболизира работа, мали проблеми и обврски.
 
Гасеницата претставува земен живот, чаурата ја претставува телесната смрт, а пеперугата која се ослободува од чаурата претставува ослободување.