Живот
7. February 2016 - 10:48

Имате проблем со тесни обувки – Еве го решението!

Сите имаме еден пар на патики што ги облекуваме два пати и со години ни стојат во шкафот затоа што ни се тесни.
 
Мислиме дека ќе се опуштат патиките, но ништо од тоа. Постои лек за овој проблем – ако патиките ви се тесни и ве глодаат, обидете се со овој трик.
 
Земете фен, облечете 2-3 пара чорапи и облечете ги на крај патиките. Загревајте ги деловите каде што патиките ве глодаат со фен, и така ќе се рашират.
 
Памтите од училиште дека со зголемувањето на температурата предметите се рашируваат, така? Ист е случајот и со патиките.