Џет-Сет
1. December 2017 - 20:14

„Имаше се и сешто“ - Цеца конечно проговори за интимниот живот после Аркан

Светлана Цеца Ражнатовиќ без сомнеж е една од најголемите ѕвезди на Балканот. Со самото тоа интересот за нејзиниот приватен живот е и тоа како огромно. Цеца неретко зборува за емоциите и своите врски, но за тоа, како што и самата вели, има причина.

- Не сакам за нешто што е интимно да се зборува и пишува. Доволно е јас да сум задоволна со својот живот, а тоа значи дека сум го организирала онака како што ми одговара. - искрена била Цеца во интервју за српскиот магазин Стори.

-Се омажив од голема љубов и од таа љубов се родија две деца. Не велам дека по трагичниот прекин на тој брак, па досега, сум била сама. Имаше врски и авантури, но не размислував за тоа некоја од нив да заврши со брак - додала фолк дивата.