Балкан
1. February 2019 - 14:58

Имаме историско право на Јужна Србија, границите ќе се променат - Тачи ги отвори картите

Моја идеја е во оваа приказна да го вклучам Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Мислам дека Косово има историско право на оваа територија. 
 
Претседателот на Косово, Хашим Тачи дискутираше со политичките аналитичари за интернационалната позиција на Косово и диајлогот меѓу Приштина-Белград. 
 
Аналитичарот рекол дека Тачи ја крие вистинската состојба на некои сторители од Косово кога станува збор околу корекциите на границата, додавајќи дека приказната за границите вознемири некои европски лидери што е доказ дека не е техничка корекција туку нешто далеку по опасно.
 
Тачи демантираше дека тоа не е вистина и дека меѓународната заедница во целост е запознаена со темата на претстојниот дијалог во Брисел.
 
- Техничката демаркација на границата треба да се заврши што побрзо. Моја идеја е во оваа приказна да го вклучам Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Мислам дека Косово има историско право на овие територии. Дијалогот нема да се однесува на техничката демаркација на границата туку и на државата каква што сега ја познаваме. Статус кво е неодржливо и опасен за Косово и има тенденција да ослабе и нашата држава, и на внатрешно и на надворешно ниво. Од друга страна, ќе се замрзне конфликтот  кој е опасен за Косово, регионот и Србија. Продлжувањето на овој конфликт може да дојде до трагични последици за двете нации. Пандорината кутија, за која многу се зборува, отворена е на Балканот и може да ја затвори само договорот за меѓусебно признавање на Косово и Србија. Конфликтот во Босна е многу постар од оној на Косово и тој ќе продолжи, рекол Тачи.