Живот
7. February 2017 - 12:31

Имам 27 години и спијам само со постари мажи - Другарките ме прашуваат дали сѐ им виси, а јас им велам...

Навистина се чудам на тоа што спиењето со мажи кои се од 20 до 30 години постари од мене, денес е табу тема. И тоа во време на сексуална слобода, менување на пол, геј бракови, промискуитетно однесување, оргии..., ја започнува својата исповед оваа 27-годишна девојка.
 
За време на една скорешна вечера со пријателка која знае дека излегувам со постари мажи, ме праша со крената веѓа дали постои разлика помеѓу постарите и оние на наши години.
 
Постарите мажи одлично се бакнуваат - ѝ одговорив без двоумење, објаснувајќи дека ми се чини дека тие не пораснале во порнографската ера на агресивно француско бакнување со јазици, туку тие повеќе се бакнуваат со усни како во холивудските филмови.
 
Прилично сум сигурна дека повеќето жени сексот со постари мажи го замислуваат со виснати тестиси и бели влакна кои изглегуваат отсекаде.
 
Јас имам 27 години и обично спијам со мажи кои имаат 50 и 60 години, така што не можам да зборувам за 70-годишници. Вистината е дека нема правила. И кај мажите кои имаат 30 години има такви коишто се грижат за себе, но и такви кои не го прават тоа.
 
Исто е и со старите, а јас со таквите кои не се грижат за хигиената и добриот изглед не спијам. Сите мислат дека постарите мажи имаат виснат задник или избрчкан пенис, но искрено кога би им ги гледала само гениталиите, не би видела никаква разлика.
 
Ако мажот има бели влакна на главата, нормално е дека и доле ќе биде сед.
 
Мојот момент на просветлување дека сакам да спијам со постари мажи се случи оваа година, откако бев на четвртиот состанок со маж на моја возраст (поточно имаше 29 години).
 
По вечерата отидовме во мојот стан, се бакнувавме и сѐ водеше кон секс, а во моментот кога заводливо го соблеков градникот, ме погледна со таков израз на лицето кој како да зборуваше „мама“ и го цицаше својот палец.
 
Моментално ме олади. Сакам самоуверен, искусен маж кој знае што прави и кој знае како да биде со жена. Можеби тоа е така затоа што јас сум самоуверена жена, а можеби затоа што имам десетина килограми вишок, значителна височина и изгледам „расно“, како што знаат да ми речат, па не сакам да бидам со некој кој ќе ми ги гледа градите како прв пат да ги гледа на задното седиште од училишниот автобус.
 
По моето скромно искуство (бидејќи не сум ниту спонзоруша, ниту ку*ва), не постои ништо од кое се чувствувам посекси отколку кога ме допира постар маж кој знае што прави. Сексот едноставно е подобар.
 
Открив дека тие, како порнографијата од 1970-тите години, се помалку оптоварени со типичниот изглед кој го сакаат од жените, не им пречат влакната и се луди по орален секс. Исто така, на постарите мажи им е важно јас да доживеам оргазам прва, што ми делува многу рамноправно и џентлменски, завршува со својата исповед оваа млада девојка.