Имала однос со полицаец во диско, но не се кае: Немаше напад, единствена грешка беше што имавме секс пред сите
18-годишната Ксенија Смирнова, одлучила да проговори откако снимката од нејзиниот секс сред ноќен клуб, била прегледана илјада пати на социјалните мрежи во Русија.
Многумина ја советувале младата жена да го тужи момчето со кое била, полицаецот Родион Артјушин, кој поради овој инцидент добил отказ, пренесува Руморбас. Организирана била и цела он-лајн кампања во која се барало од Ксенија да го пријави Родион за силување додека била пијана.
Но, во обраќањето до своите пријатели на Инстаграм, младата девојка јасно дала до знаење дека половиот однос во ноќниот клуб во Нижњи Новогород, пред стотина други луѓе, не бил напад.
"Не ме силуваше, двајцата сме виновни за тоа што се случи", изјавила подоцна Ксенија.
"Се познаваме од претходно. Не сум напишала изјава во која го обвинувам, ниту ќе го направам тоа. Јас сум возрасна. Имам 18 години", објаснила таа.
Признала дека многу се вознемирила кога била препознаена на видето, во таква поза и на јавно место, но додала дека нејзиното семејство "ја уверило" дека ќе биде тука за неа.
"Сега ништо не може да се поправи, приказната многу се прошири. Знам дека сум глупава. Но, единственото погрешно нешто беше тоа што имавме секс пред други луѓе", рекла таа.
Момчето од видео снимката допрва треба да проговори јавно за инцидентот.
Тој тренирал да стане полицаец, но добил отказ откако создал лоша слика за полицијата кога видеото се појавило на интернет.
Полицискиот портпарол Михаил Мартјанов, потврдил по инцидентот дека не биле пријавени никакви жалби, ни за сексуален напад, ниту за непристојно однесување во јавност.
Ново на Сител
-
Француз почина откако се препил вода
-
Повеќето земји во Европа воведуваат или го продолжуваат затворањето
-
Лесна победа на Еурофарм Пелистер над Татран Прешов
-
Пораст на бројот на заразени од коронавирус во регионот, најтешка состојбата во Унгарија
-
Италија ги заостри мерките во пет од дваесет региони
-
Зоран Заев единствен кандидат за нов претседател на СДСМ на внатрепартиските избори на 21 март
-
СДСМ: Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, над 80.000 членови ќе можат да гласаат на првите внатрепартиски избори
-
Побаран притвор за две лица кои фрлаа предмети и камења кон полицајците на протестот за „Монструм“