Живот
6. јуни 2018 - 14:06

Имала метастази по целото тело: Докторите и давале само три месеци живот, а потоа се согласи на овој експеримент и се случи чудо

Џуди Перкинс имала тумор со метастази и докторите и давале уште само три месеци живот. Но се случило чудо и две години подоцна жената немала никави знаци на карцином по телото.

До неверојатниот пресврт дошло среде експерименталната терапија, објавија американските научници. Имено, животот и го спасија 90 милијарди антитела кои ги убивале ќелиите на ракот, а кои и се вбризгани во телото.

Џуди живее на Флорида, а и е дијагностицирана напредна форма на рак на дојка кој не може да се лекува со конвенционална терапија. Освен примарниот карцином на дојка, и пронашле и тумори со големина на тениско топче во црниот дроб и метастази по целото тело.

„Околу недела дена по почетокот на терапијата, почнав нешто да чувствувам, како туморот во градите да ми се смалува. Недела две потоа туморот целосно исчезна, рече за Би Би Си.

Се присети на првиот рентген по терапијата кога персоналот од болницата бил многу возбуден и среќен. Тогаш и рекле дека постои голема можност да е излечена од новата терапија.

Моментално ужива во животот патувајќи низ земјата, планинарејќи, возејќи кајак, а во наредните две недели ќе плови околу Флорида.

Научниците објаснија дека се работи за ќелии од самиот пациент од кој се прави „жив лек“.

Шефот на Националниот институт за истражување на рак, докторот Стивен Розенберг за Би Би Си рече: „Зборуваме за најперсонализирана терапија која постои“.

Терапијата се уште е експериментална и потребни се уште бројни истражувања и тестови за да влезе во широка примена. Но функционира така што го запознавате непријателот. Лекарите и научниците генетски го анализираат туморот на пациентот за да детектираат ретки промени кои ракот го прават видлив за имунолошкиот состав. Во овој конкретен случај, од 62 генетски абнормалности само четири биле потенцијално подложни за напад.

Меѓутоа, имунолошкиот систем на пациентот веќе се бори со туморот и губи битка, а губитоци трпат белите крвни зрнца во однос на рак. Затоа лимфоцитите се отстрануваат од примерокот на крвта на болениот, а во лабораторија се изложуваат на дополнителна супстанција, која ги претвара во келии убијци и се враќаат во организмот на пациентот.

Околу 90 милјарди келии повторно се вбризгани во телото на 49-годишната пациентка, со уште некои лекови за јакнење на имунитетот.

„Самите мутации кои ги предизвикува ракот всушност се неговата Ахилова пета. Се е уште многу експериментално и уште учиме како сето тоа да го правиме, но има изгледи да биде применливо на секој облик на рак. Пред нас има уште многу работа, но терапијата има потенцијал, единствен лек за секој пациент“; рече доктор Розенберг.