Живот
15. December 2018 - 18:58

Имал 185 килограми, а сега е тренер: Јадев осум сендвичи со сланина на ден

47. годишниот Ралф Лоулес за две години ослабнал неверојатни 107. килограми. Бил тежок 187. килограми, се прејадувал со осум сендвичи со сланина во текот на денот, а потоа одлучил да направи промена.
Откако 15 години не бил во врска, ја променил својата рутина. Денес е тешок 78 килограми и станал личен тренер.

Кога ќе почнев да јадам не можев да се запрам. Уживав во ќебапите, пиците, сланина, во поголемиот дел од денот само јадев. Во само еден ден би изел колку просечно лице во текот на цела недела, раскажал тој за „Дејли мејл“.

Набргу сфатил дека тоа влијае на неговиот живот.

Тоа беше многу нездраво. Паднав и на работа и повеќе не можев да работам. Го допрев дното. 15 години немав девојка, почнав да посетувам советник и одлучив да ја вратам контролата над својот живот, вели Лоулес.

Почнал да следи колку калории внесува дневно, нездравите продукти ги заменил со оние со многу протеини и малку јагленихидрати.

Бев дебел и несреќен. Во првите неколку месеци ослабнав 63. килограми и имав поттик за понатаму, додава.

Денеска работи како тренер во теретана а токму вежбањето му помогнало да зајакне ментално и да ја постигне својата цел.