Македонија
16. July 2017 - 12:06

Имаат одмор за паметење во Струга: Странски туристи се затруеле од храна во хотел „Изгрев“

Вчера околу 09.35 часот во Полициската станица во Струга, од Медицински Центар Струга било пријавено дека во Интерното одделение биле донесени: Е.Б од Холандија, М.Т и А.А двете од Израел, кои биле сместени во хотелот “Изгрев“.
 
Истите се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во хотелот. По укажаната лекарска помош, истите се пуштени на домашно лекување. Запознати се Јавен обвинител и Државен санитарен инспекторат.