Живот
5. January 2018 - 12:03

Имаа само две недели да ја спасат ќеркичката: На Фејсбук објавија очајнички апел, а потоа се појави тој

Деветмесечно девојче кое боледувало од ретка болест на црниот дроб, е спасено од полицаец кој се јавил преку огласот на Фејсбук. Тој како донатор на органи му дал на бебето дел од својот црн дроб.

Слоун Џејмс бил здраво бебе се додека не добила жолтица и стомакот ненадејно почнал да и отекува кога наполнила три месеци, што довело до четврт степен на откажување на црниот дроб. Бактериите кои ја предизвикале ретката болест опасна за црниот дроб, ги погодуваат само новороденчињата.

Никој од семејството не бил соодветен донатор. Во очајниот обид да ја спасат ќерката, родителите Сара и Крис Џејмс (33) објавија на Фејсбук молба до луѓето да донираат орган, откако лекарите рекле дека има само две недели да се направи итна трансплантација.

Полковникот Стивен тенеј (40), полицаец од Њу Хемшир, и самиот татко на две деца, ја видел нивната објава и преку заеднички пријател ги исконтактирал. Се утврдило дека е довршен донатор за малата Слоун.
 

На поручникот му е отстранета петина од црниот дроб, од каде органот е отно префрлен на бостонската детска клиника и предаден на лекарите кои го чекале за Слоун.