Живот
26. September 2018 - 12:20

Има толку безобразно презиме што и Фејсбук го блокираше: Политичарот во проблеми, не може да води кампања

Локалниот политичар од Белгија неодамна стана вистински хит кога Фејсбук му ја забрани кампањата поради презимето. 
 
Неговото име е Лук Анус (26), а друштвената мрежа смета дека неговото презиме е навредливо. 
 
Тој рекол дека Фесјбук едноставно не го прифаќа неговото презиме. 
 
Анус е кандидат на Социјалистичката партија за совет во една белгиска приградска населба која има 5.000 жители и луѓето се обидуваат да водат кампања на друштвената мрежа.
 
Кога објавиле фотографија од неговиот плакат на Интернет во истиот момент станал потсмев во Белгија.
 
Овој Белгиец сепак пронашол начин како да си го зачува профилот, па своето презиме го скратил за една буква, па сега тој на Фесјбук е Лук Ану.