Живот
16. August 2018 - 12:33

Има само две години, а пуши по 40 цигари дневно: Изјавата на неговата мајка го шокираше светот!

Двеиполгодишно дете од Индонезија, Рапи Ананда Памунгкас, е зависен од никотин, а многумина најмногу ги зачуди тоа што цигарите му ги купува неговата мајка.

Детето пред два месеци почна да собира отпушоци пред уличната тезга на неговата мајка и во рок од неколку дена создал зависност, па постојано барал од купувачите да му даваат цигари.

Како што раскажа неговата мајка Марјати, Рапи наскоро почнал да станува агресивен кога не можел да ја добие својата омилена „мароко“ цигара. Токму поради тој наплив на бес, таа почнала да му купува по две кутии цигари секој ден.

„Моето дете навикна да пуши додека пие кафе и јаде колач. Пуши секој ден, веќе цели два месеци. Ако не му дадам цигара, тој „полудува“. Без нив не може да заспие. Само урла и плаче. Цигарите се скапи, но мора да му купиме, зошто тој пуши по цел ден“, искрено вели Марјати.

Ниту таткото на Рапи не може да му забрани да пуши. „Не можам да му кажам ’не’. Јас дури и не пушам дома, туку само на работа, но Рапи сака да пие кафе и да пуши цигара“, вели таткото.

Тој сепак истакнува што побрзо да посетат лекар и да се консултираат со нешто за што побрзо детето да се одвикне од никотин.