Има многу причини да конзумирате брусница: Дознајте ги и ќе бидете здрави
Иако брусницата најчесто ја препорачуваат како превенција и лек за уринарните инфекции, сепак таа нуди многу бенефити за нашето здравје.
Борец против килограмите
Една шолја брусници содржи околу 16% од препорачаната дневна доза на природни влакна, или околу 4 гр. Тоа ни помага да го победиме апетитот, а и да го спречиме прејадувањето. Истовремено, природните влакна овозможуваат движење на храната низ дигестивниот систем, што исто така ја намалува и подуеноста.
Помагаат во контролирање на шеќерот во крвта
Тие помагаат за контрола на шеќер во крвта. Тие содржат манган кој го овозможува тоа. Тоа значи дека 1 шолја сок од брусница помага во регулирање на шеќерот во крвта кај пациентите со дијабетес 2.
Чувар од настинки
Кога настинките напаѓаат, брусницата е одличен чувар од нив. Тие содржат многу витамин Ц кој помага во заштита на имунитетот и помага во спречување на настинките, особено во текот на зимските денови.
Борец против ракот
Тие се богати со полифеонли и исопреноиди, кој помагаат во намалување на ризикот од рак. Многу истражувања покажуваат дека тие се особено ефективни кај ракот на дојката и матката.
Го намалуваат холестеролот
Тие се богати со уште еден антиоксидант, антоцијанин кој им ја дава црвената боја. Освен тоа, тој помага и за намалување на холестеролот. Освен тоа, тој има антивоспалителни состојки кои ги штитат и крвните садови.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија