Живот
19. November 2018 - 22:21

Има многу причини да конзумирате брусница: Дознајте ги и ќе бидете здрави

Иако брусницата најчесто ја препорачуваат како превенција и лек за уринарните инфекции, сепак таа нуди многу бенефити за нашето здравје.

Борец против килограмите

Една шолја брусници содржи околу 16% од препорачаната дневна доза на природни влакна, или околу 4 гр. Тоа ни помага да го победиме апетитот, а и да го спречиме прејадувањето. Истовремено, природните влакна овозможуваат движење на храната низ дигестивниот систем, што исто така ја намалува и подуеноста.

Помагаат во контролирање на шеќерот во крвта

Тие помагаат за контрола на шеќер во крвта. Тие содржат манган кој го овозможува тоа. Тоа значи дека 1 шолја сок од брусница помага во регулирање на шеќерот во крвта кај пациентите со дијабетес 2.

Чувар од настинки

Кога настинките напаѓаат, брусницата е одличен чувар од нив. Тие содржат многу витамин Ц кој помага во заштита на имунитетот  и помага во спречување на настинките, особено во текот на зимските денови.

Борец против ракот

Тие се богати со полифеонли и исопреноиди, кој помагаат во намалување на ризикот од рак. Многу истражувања покажуваат дека тие се особено ефективни кај ракот на дојката и матката.

Го намалуваат холестеролот

Тие се богати со уште еден антиоксидант, антоцијанин кој им ја дава црвената боја. Освен тоа, тој помага и за намалување на холестеролот. Освен тоа, тој има антивоспалителни состојки кои ги штитат и крвните садови.