Живот
19. October 2016 - 14:27

Има лице на ангел но кога ќе видите како изгледа од вратот надоле ќе занемете!

Руската фитнес-ѕвезда Јулија Винс на Инстаграм има над 330.000 следбеници, и тоа не е без причина. Оваа 20-годишна девојка неодолива потсетува на познатата Барби, само што за разлика од нејзе таа крева 120 килограми на бенч клупа. Јулија привлекува внимание каде и да се појави токму и поради нејзиното ангелско лице и мускулесто тело, поради кое може повеќе наликува на Кен отколку на Барби.
 
Оваа девојка вели дека во теретана започнала да оди уште на 15 години а причината била тоа што секогаш ја воодушевувало да крева нешто тешко. Жал и што многу млади Русинки користат стероиди, кога таа е жив доказ дека нема никаква потреба од хемија за мускули.
 
 
Сегашниот дечко и е огромна подршка, но Јулија признава дека не било отсекогаш така. Многумина вели се воодушевуваат кога ја гледаат додека крева огромни тегови.
 
Се соочува со огромни критики бидејќи го деформирала телото, но смета дека голем дел од оние што го мислат не се задоволни од своите тела.
 
 
Таа признава дека и родителите не ја подржавале, но затоа е свесна колку жртви се потребни за човек да си го оствари својот сон.
 
Секојдневно тренира, дури и кога е на пат. Се храни со зеленчук, јајца, пилешко и говедско месо, и признава дека ретко излегува.
 
Оние кои не веруваат дека не користи стероиди ги предизвикува да и платат допинг-контрола.