Македонија
22. October 2019 - 16:44

Има ли план Б за ЕУ и Македонија- мали шансите да се најдат компромиси во скоро време

Македонските експерти се согласуваат дека разочарувањето поради блокадата на Франција е огромно, но велат не смееме да дозволиме да ни се наметне друга опција како замена за полноправо членство во Унијата.

Според нив, се уште постои интерес за проширувањето и тоа треба да се искористи, дури и по цена на новата методологија која ја најави Макрон.

За разлика од ваквиот оптимизам, во кулоарите на Унијата и европските медиуми се шират некои старо-нови идеи за процесот на проширување.

Стандард пишува дека би требало да се размислува за условено членство  на една деценија кое би било ограничено и би можело да се повлече,  други пак предлагаат економска унија на Балканот, без загарантиран влез во ЕУ.  

За македонските аналитичари патот е веке трасиран и не смее да се напушта.

Опозицијата  пак за неуспехот во Брисел ја обвинува актуелната влада и реформската работа на на теренот, која потфрлила во секторот на судтвото и администрацијата.

Македонија  во декември треба да заврши со објаснувачкиот скрининг со ЕУ.