Македонија
10. January 2020 - 16:46

Има ли можност за датум за време на хрватското претседателство?

Почеток на преговорите за Македонија и Албанија и усвојувањето на новата методологија се процеси кои треба да се одвиваат паралелно, порача претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен од Загреб.  Таа посочи дека двете земји ги исполниле критериумите и Унијата мора да ги исполни своите ветувања. Таа  најави дека предлогот за новата методологија ке биде објавен наскоро.

Мораме да најдеме начин паралелно да се одвиваат преговорите со Македонија и Албанија и внатрешните реформи во Евроспката Унија. Набрзо ќе биде објавен новиот предлог за методологијата на преговори за членство во ЕУ, изјави фон Дер Лајен.

Премиерот Пленковик најави дека проширувањето е еден од главните  приоритети на хрватското претседавање со Еу во наредните шест месеци. Тој се заложи за за нова динамика и деблокада на преговорите со  Македонија и Албанија.

Хрватака Влада и Европската Комисија   на денешниот состанок се согласија дека ги делат истите приориттеи, со  цел да го зголемат влијанието на ЕУ во светски рамки.