Македонија
12. July 2019 - 16:15

Има ли манипулација со бомбите за Мартин Нешковски, на социјалните мрежи се појави целосен разговор меѓу Јанкуловска и Груевски

Премиерот Заев објавил само еден дел од телефонскиот разговор меѓу Груевски и Јанкуловска за случајот Мартин Нешковски. Целата верзија на разговорот која Ел Чека прво ја објави а потоа ја избриша од социјалните мрежи фрла комплетно ново светло врз убиството кое предизвика насилни протести пред Владата.
Според Груевски ваквиот потег на Заев е како што вели монструозен.

„Свесно манипулираше со народот.. Со семејствата на Мартин Нешковски, Никола Младенов, убиените деца кај Смилковското езеро, со искрените луѓе кои верува на се што слушаа и што им беше сервирано, но и со целата домашна и меѓународна јавност, домашни и странски медиуми и политичари.

Монтираниот аудио матерјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната “бомба” чија “ експлозија” требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел колкуминација на политичката криза која ја создаде.“ – напиша Груевски на Фејсбук.

На социјалните мрежи веќе може да се слушне истиот разговор меѓу Груевски и Јанкуловска но не трае 3 минути како оној кој што го објави СДСМ туку  нешто повеќе од 12. Во него фалат 9 минути во кои Груевски бара органите на прогонот да немаат милост за убиецот на Нешковски и истиот да биде најстрого казнет. .

Премиерот Заев денеска без конкретен одговор зошто фалат 9 минути од бомбата и тоа токму оние кои покажуваат дека и Груевски и Јанкуловска не се обидувале да го прикријат убиството на Нешковски, туку бараат брза, професионална и независна истрага. Премиерот вели, се што имал објавил.

Ел Чека во понеделникот на социјалните мрежи ja објави долгата верзија од разговорот меѓу Груевски и Јанкуловска од кој на прес конференцијата на СДСМ беа пуштени само 3 минути. По прес конференцијата следеа насилни протести во кои беа повредени и полициски службеници.
Разговорот кој го објави Ел Чека веќе е избришан од социјалните мрежи и може да се слушне само на рускит видео сервис Ру Тјуб.