Loading Video...
Свет
20. April 2020 - 19:40

Има ли манипулации со светските бројки на заразени и жртви од Ковид-19

Сликата за корона вирусот која се презентира во јавноста, не е вистинската, се вели во анализата на  сајтот Саутфронт. Страницата се повикува на истражувања направени од околу 100 експерти во Европа и САД. Бројките кои ги посочуваат германските стручњаци покажуваат една целосно пoинаква реалност.  Групa експерти за епидемиологија и вирусологија на универзитетската болница во Бон го истражувале случајот со градот Гангелт. Епидемијата таму избувнала на 15 февруари, на градскиот карневал. Биле тестирани сите граѓани. Во прелиминарната студија е утврдено дека 14 проценти имале антитела, 2 проценти биле позитивни, а стапката на смртност изнесувала 0,37 насто.  Ова е петпати понизок морталитет споредно со истражувањата на Џон Хопкинс универзитетот кои калкулираат со стапка од 1,98 проценти.

Друга германска студија на Институтот Роберт Кох, направена месецов, се однесува на целата територија и во неа се посочува дека 86 проценти од смртните случаи се лица над 70 години.Третата студија на академијата на најјаките Леополдина издадена на 13 април препорачува да се отворат основните и средни училишта, повикувајки се негативните социјални, педагошки, правни  и економски аспекти на карантинскиот живот, но со предуредување хигиената и социјалната дистанца да останат во сила.

Американските истражувања предводени од Станфорд универзитетот во голема мерка се слични на оние од Бон. По текот на германските научници, Американците ја следеле ситуацијата во Санта Клара каде короната се раширила две недели откако тоа се случило во градот Гангелт во Германија. Со тестирањето е утврдено дека бројот на оние кои носат антитела од вирусот е многу поголем од бројот на регистрирани инфицирани. Што значи дека имало многу повеќе заразени отколку што што било официјално регистрирано .

Во Миланскиот државен универзитет проценуваат дека вистинската бројка заразени од корона во земјата би можела да биде 5 милиони ,наспроти потврдените 120.000 случаи. Студијата се повикува на анкетата направена врз лица кои имале симптоми, но не се тестирани, како и оние кои биле асимптоматски. Оваа бројка, појаснуваат лекарите не е доволна за колективен имунитет, за што е потребно две третини од целата популација. Ако се земат предвид  овие бројки, тогаш излегува делка стапката  на смртност повторно е многу помала отколку што се верува. 

Во Италија секој кој ќе умре, а при тоа е позитивен на  Корона се регистрира како жртва на пандемијата. Фактите пак велат дека во земјата во целина е зголеман смртноста од сите причини за 20 проценти споредено со истиот период минатата година.

И во Шпанија Министерот за здравство потврди дека секој починат кој е позитивнио тестиран по правило се бележи како смрт од Корона. Според статистичките податоци во перидот од 17 до 30 март починале 5.398 луге повеќе споредено со бројките од претходните години. Во исто бреме боројот на починати на корона во овој период е 7.591, што укажува на праксата секоја смрт да се припишува на корона вирусот.

Од овие студии произлегува дека она што се дистибуира во медиумите не е втемелно во актуелната статистика за смртноста и раширеноста на вирусот. Бројката на тие што ја прележале болеста без симптоми е десетици пати поголема од официјалните бројки, вистинската стапка на смртност е за 25 до 60 пати помала од онаа која се презентира во јавноста ,се вели во анализата на Саутфронт, во која се повикуваат лидерите да не потпаѓаат на манипулации и да се консултираат со науката пред да преземаат акции.