Македонија
12. November 2019 - 16:44

Има ли двојни стандарди во одлуката за покачување на платите во здравството? - Болничарите и администрацијата незадоволни

Администрацијата во здравството не може да се оддели од останатата администрација и затоа не се опфатени со најавеното покачување на платите во здравството од февруари идната година. Вака министерот Филипче одговори на барањето на административно - техничкиот персонал во јавните здравствени установи и тие да добијат повеќе пари зошто работат заедно со медицинарите.

-Тое беше и единствената причина зошто тие на почетокот на годината не добија покачување заедно со останатите здравствени работници, но тие добија 5 проценти во септември заедно со останатата администрација, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

По објавување на информацијата за поголема плата во здравството, реагираа од синдикатот на техничко – административниот персонал во овој сектор. Велат дека нивните плати се под просечните.

-Административно – техничкиот персонал е изманипулиран , заборавен и оставен да вфункционира и преживува со м инимални месечни примања  од кои не може да ги покрие основните потреби за пристоен живот, се вели во дописот од овој синдикат.

Најавија и протест на 28 месецов доколку не се решат нивните барања.

Филипче пак вели дека се бара решение да се оддели задравствената администрација.

-Ќе следат разговори и со мининистерството за информатичко општество да видиме дали може да се оддели здравствениот сектор од останатата админситрација со оглед што извршуваат специфични работи работејќи во ЈЗУ-ата. Се надевам дека ќе најдеме соодветно решение, рече Филипче.

Со покачување на платите не се опфатени ниту болничарите. Медицинските сестри и лаборантите ќе добијат за 10, а специјалистите за 25 проценти поголема плата.