Македонија
4. October 2022 - 19:52

Има ли договор меѓу Ковачевски и Мицкоски?

Ковачевски и Мицкоски седнаа на маса во Владата да ја ублажуваат енергетската криза.

Средбата сепак без завршница-лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со предлози како до поевтина струја за стопанството, премиерот пак му ги образложил сите актиовности што ги презема Владата за надминување на кризата. Мицкоски по средбата вели се чувствува загрижено- понудил три сценарија, некои биле тешки за реализација, но сепак има план како стопанството да добие дупло поевтина струја и да се спасат работни места.

Премиерот пак вели ќе се разгледуваат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, но понатамошните разговори му ги препушти на министерот за економија. Разговотите со соседните земји за набавка на струја вели продолжуваат, а помош се чека и од ЕУ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак имале барање на регулираниот пазар да се вклучат јавните комунални претпријатија, што за премиерот е логично со оглед на тоа што опозицијата го има поголемиот број градоначалници во општините. И ова барање ќе биде разгледано од министерството за економија во соработка со ЗЕЛС, соопшти Ковачевски.