ОН: Има индиции за воени злосторства во Украина
Обединети нации денеска соопштија дека украинските сили неселективно го гранатирале цивилното население, додека проруските бунтовници и украинските војници колективно убивале цивили, што би можело да претставува воени злосторства.
Во извештајот на Високиот комесаријат на Обединети нации за човекови права се посочува на нехуманиот третман кон заробениците и цивилите, како и за употреба на повеќецелни ракетни фрлачи кои никогаш не се користеле во урбани средини.
Акцент е ставен на бунтовничките групи во самопрогласените „народни републики“ Луганск и Доњецк, сепаратистички региони во источна Украина за кои Владата во Киев тврди дека се поддржани од Русија.
Во 26-месечниот бунт против прозападната Влада во Киев убиени се речиси 9.500 луѓе, а односите меѓу Москва и Западот се на најниско ниво од завршувањето на Студената војна.
Во извештајот е наведено и погубување на украинските вооружени сили и вооружени групи кои се предале, воглавно во 2014 и во првата половина од 2015 година. Регистрирани се и колективни погубувања во истиот период. Се проценува дека околу 2.000 цивили се убиени во еден од најкрвавите европски судири од балканските војни во 90-тите години.
Ново на Сител
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата