Свет
14. July 2016 - 14:34

ОН: Има индиции за воени злосторства во Украина

Обединети нации денеска соопштија дека украинските сили неселективно го гранатирале цивилното население, додека проруските  бунтовници и украинските војници колективно убивале цивили, што би можело да претставува воени злосторства.

Во извештајот на Високиот комесаријат на Обединети нации за човекови права се посочува на нехуманиот третман кон заробениците и цивилите, како и за употреба на повеќецелни ракетни фрлачи кои никогаш не се користеле во урбани средини.

Акцент е ставен на бунтовничките групи во самопрогласените „народни републики“ Луганск и Доњецк, сепаратистички региони во источна Украина за кои Владата во Киев тврди дека се поддржани од Русија.

Во 26-месечниот бунт против прозападната Влада во Киев убиени се речиси 9.500 луѓе, а односите меѓу Москва и Западот се на најниско ниво од завршувањето на Студената војна.

Во извештајот е наведено и погубување на украинските вооружени сили и вооружени групи кои се предале, воглавно во 2014 и во првата половина од 2015 година. Регистрирани се и колективни погубувања во истиот период. Се проценува дека околу 2.000 цивили се убиени во еден од најкрвавите европски судири од балканските војни во 90-тите години.