Џет-Сет
3. April 2017 - 20:59

Има душа: Момче ја нападна Ким Кардашијан, а таа направи неверојатен гест

Ким Кардашијан повторно доживеа непријатност на црвениот тепих, а потоа направи нешто неверојатно што ги воодушеви сите.

Најголемата реалити ѕвезда присуствуваше синоќа на доделувањето на модните награди во Лос Анџелес на која се појави во бел проѕирен фустан со бисери.

По доделувањето,на излезот на неа налета момче за кое се сомневаше дека ја нападнало. Камерите го снимија овој момент, а на фотографиите се гледа дека старлетата е зачудена.

Иако американсктие медиуми оваа средба ја окарактеризираа како напад врз сталетата, Ким се огласи на Твитер и го одбрани момчето.

-Случаен минувач помина покрај мене, и речиси налета на мене, но се удри во паркоматот. Не ме нападна, се надевам дека е добро, напиша Ким.