Живот
5. March 2018 - 15:18

Има 83 години и се уште снима порно филмови: Тој е најстариот порно актер и не планира да оди во пензија

Јапонецот Шигео Токуда (83) е најстариот порно актер на светот. Годините не го спречуваат виталниот дедо и натаму без проблеми да снима порно филмови.

Глумел во над 200 филмови, а повеќето партнерки били помлади дури и од неговата ќерка. Во целата приказна најчудно е што неговиот живот со децении не се разликувал од животот на останатите луѓе.

Завршил факултет и повеќе од 30 години работел по струка, па во 59. година наеднаш одлучил да стане порно актер. Вели дека тоа не го направил поради пари, туку за да им докаже на своите врсници дека и во тие години може да водат нормален сексуален живот.

Шигео вели дека работата го исполнува и дека планира да игра во порно филмови уште долга низа години.