Живот
20. February 2017 - 14:06

Има 7 години и нејзиното срце бие надвор од градите: Не смее да трча зошто може да умре

Вирсавинија Борун-Гончарова веќе 7 години живее со срцето надвор од телото. Родена е со ретко генетско нарушување кое може да се случи кај едно во милион бебиња.

-Тоа е моето срце, јас сум единствен акоја има такво срце, изјави девојчето. Нејзиното срце се гледа како бие надвор од градите, а покриено е само со тенок слој кожа.

-Носам само некоја мека облека за да не го повредам срцето. Одам, скокам, трчам. Не би смеела да трчам, ама јас сакам вели малечката Вирсавинија.

Родена е во Русија, а на нејзината мајка Дара Борун и рекле да се подготви за најлошото и дека нема да преживее. Дара и нејзината ќерка се преселија во САД за да побараат помош од стручњаци.

Вирсавинија требало да оди на операција, но била преслаба поради проблемите со крвен притисок.

-Дојдовме од Русија во Америка за да ни кажат лекарите дека не можат да ни помогнат. Ни беше многу тешко зошто постојано ми говореа дека ќе умре, но таа и натаму остана жива, трча и игра како и сите останати деца, рече Дари.

Додала дека морала да биде многу внимателна за да не падне зошто можела да умре.

-Многу е нежна, рече мајката.

Foto Printscreen

Сега семејството се пресели во Холивуд и се надеваат дека лековите ќе го стабилизираат нејзиниот крвен притисок и дека наскоро ќе може да оди на операција, пишува Мирор.

-Сакам да го цртам Исус, пони, ангели. Не одам на училиште и не одам на балет иако би сакала да вежбам дома. Моето срце е овде и јас многу ја сакам својата мајка, вели девојчето.

Девојчето ја очекуваат неколку комплицирани операции, а нејзината мајка сето тоа го документирала на Инстаграм.