Живот
25. February 2016 - 18:57

Има 54 години, никогаш не се шминка а изгледа како девојче!

Руби Хемер е позната шминкерка која работи со светски познати модели, но таа никогаш самата не се шминка, нејзината младоликоста е резултат на генетиката, вежбањето и негата на кожата.
 
Таа е речиси исклучок во светот на убавината - ги разубавува другите, но самата сосема минимално се шминка, а ако сме реални - тоа не и е потребно. Иако има 54 години изгледа како девојче, а многумина велат дека изгледаат како сестри со нејзината ќерка која има 26 години.
 
Никогаш не била подложна на естетска операција и  никогаш не користела средства за подмладување.
 
Вежба секојдневно, еден ден јога, следен ден, трчање, трет дена пилатес, секојдневно по 45 минути.
 
Смета дека среќата и задоволството се гледаат на лицето, а најважниот дел од нејзината рутина е миење на лицето со гел за чистење и добра хидратанта крема со серум и витамин Ц.
 
Понекогаш прави пилинг и маски во домашни услови, но лицето никогаш го нема предадено во раце на козметичар.