Живот
3. July 2017 - 15:42

Има 50 години, а е висок само 74 см: Некогаш поради изгледот го мачеа, а сега е вистинска ѕвезда

Басори Лал е висок само 74 см., а луѓето кога ќе го видат често помисуваат дека е дете зошто е низок. Овој Индиец има 50 години и вистинска ѕвезда е во своето село во провинцијата Мадхиа Прадеш, токму поради својот низок раст.

Како што вели, не бил секогаш среќен поради својата висина. Кога бил помлад трпел малтретирање, но сега е задоволен зошто семејството го смета за херој. Неговиот брат Гопи Лал (55), кој е со просечна висина и ѓивее со Басори вели дека семејството го гледа како вистински благослов.

„Луѓето од различни села доаѓаат во нашата куќа за да го видат мојот брат. Тоа е благослов за нас. Се гордееме што го сакаат луѓето и што сите се грижиме за него, рече тој. Басори е исто така задоволен од својот невообичаен раст.

„Немам проблем со својата височина. Живеам, работам  и спијам како и сите други луѓе. Исто така јадам и како сите нормални луѓе, вели тој.

Ваквиот став го формирал дури по бројните малтретирања низ кои минал. Како бебе воопшто не се разликувалод своите врсници но кога наполнил 5 години семејството забележало дека не расте. Семејната економска ситуација е исклучително тешка, па Басори никогаш не одел кај лекар за да му постават дијагноза. Неговите роднини не можат да објаснат што довело до тоа да остане толку мал.

„Никој не го одвел на лекар. Ние сме сиромашни луѓе, јас сум работник. Каде да го водам?, вели неговиот брат Гопи. Кога подостарел се соочил со тешки моменти, но тоа успеѓно го надминал.

„Луѓето во селото ми се смееја. Некои ме нарекуваа вонземјанин. Но тоа помина. Единствено овде мештаните ме сакаат, рече тој.

Сега на 50 години, живее со братот Гопи и неговата жена Сатија. Работи во локалната фабрика со својата снаа, а таа за него има само пофални зборови.

„Тој е позитивен човек. Воопшто не се жали проади својата висина. Се што му треба е среќа, добри луѓе околу него и виски, рече таа. Басори вели дека не сака да се жени и дека е задоволен од сегашниот живот.