Џет-Сет
20. February 2016 - 9:48

Има 40 години и изгледа како божица

Актерката Шарлиз Терон уште еднаш покажа зошто се наоѓа на самиот врв на сите топ листи за најубави жени на светот.

Убавата русокоса на забавата по повод 66-то издание на Филмскиот фестивал во Берлин ги засени речиси двојно помладите колешки, кои се појавија на црвениот тепих.

Шарлиз блескала во едноставен, но сексепилен долг фустан, истакнувајќи го нејзиното негувано деколте.

Иако оваа година полни 41 година, таа изгледа совршено. Освен што ја краси нејзиниот физички изглед, убавата глумица има и харизма и е премногу духовита.

Последната нејзина љубовна врска, која таа ја откри, беше со Шон Пен, со кого се забавувала околу една и пол година, во текот на 2014 и 2015 година.