Живот
12. November 2015 - 12:27

Има 39 жени и 94 деца и подготвен повторно да се жени

Сите 167 членови на семејството на Зион Чан живеат во четирикатница со 100 соби, а 66-годишниот Индиец не планира да прекине во ширење на семејното стебло. Чан моментално има 39 жени, 94 деца и 33 внучиња.

Чан кој живее во изолирано село на границата со Бурма и Бангладеш, во секој момент има покрај себе барем седум жени, а една година успеал да се ожени се десет.

- Дури и денес сум подготвен да го ширам семејството и подготвен да се женам, рече Чан.

Неговите жени ја делат спалната соба, додека синовите со нивните жени имаат посебни простории. Сопругите ја водат кујната, ќерките се задолжени за хигиена, а мажите за земјоделство и сточарство.

- Имам толку луѓе за кои се грижам и се сметам за многу среќен човек, рече Чан.

Зион Чан предводи локална христијанска секта која одобрува полигамија.