-->
-->
Има 19, а таа 72 години: Тие се во среќен брак, а тој вели дека е неверојатна во кревет
-->
После само две недели Гери ја запросил Алемеда.
19 годишниот Гери Хардвик ја запознал 72 годишната Алмеда во пицерија. Сега се маж и жена и отворено разговараат за својата врска и сексот. Мислат дека нивната врска не е чудна, иако Гери е помлад од еден од внуците на Алмеда.
Во летото 2016 година Алмеда не ни сонувала дека ќе се заљуби во тинејџер кога отишла да јаде во популарен американски ланец ресторани. После само две недели Гери ја запросил Алмеда.
Гери вели дека завршил несреќна врска со 77 годишна жена и дека Алмеда, баба на шест деца, се вљубил на прв поглед.
Парот живее во Тенеси и велат дека се многу среќни.
-Ако некого сакаш, годините се само број. Сега веќе две години сум во брак со својата сродна душа. Знам дека е тој оној со кого сакам да го поминам остатокот од животот, штом го погледнав во очи видов љубов, вели Алмеда.
-Прво што забележав се нејзините преубави очи. Алмеда има предобар карактер, секогаш е насмеана, а хемијата меѓу нас е силна. Имаме слични интереси и хобија, а помладите жени никогаш не ме привлекувале. И кога имав 13, 14 години попривлечни ми беа постарите жени. Тоа и го кажав на својата баба која ме растеше и малку се плашев од нејзината реакција, но таа тоа го прифати, вели Гери.
-Прв пат водевме љубов вечерта пред нашата венчавка. Тоа беше неверојатно искуство, Алмеда е одлична љубовница, вели Гери.
Сепак, некои не ја прифаќаат нивната врска, а меѓу нив е и синот на Алмеда, кој со мајката не разговарал откако се сретнала со Гери.
Арон и Индиана Елиот, внуците на Алмеда исто така тешко го прифаќаат изборот на својата баба, но велат дека важно е да е среќна.
-Гери еднаш го нареков дедо и тоа кога бев пијан, вели Арон, а пишува Мирор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“