Џет-Сет
31. October 2017 - 14:05

Им велат дека се како близначки, Анастасија открила што таа и Цеца делат

Анастасија Ражнатовиќ и нејзината мајка, Светлана Цеца Ражнатовиќ се многу блиски. Со оглед на тоа дека Анастасија често ја споредуваат со Цеца, наследничка на фолк ѕвездата решила да открие еден детаљ кој не е познат на јавноста.

Анастасија кажала дека ја дели гардеробата со Цеца.

- Мојата мајка е многу згодна жена и нема никаков проблем со килажата па може да облече се што е мое, а понекогаш и јас нешто нејзино. Нема тука никакви проблеми. 

- Секогаш кога таа зема нешто од мојот ормар тоа е да земе нешто свое. Тоа е најчест случај. Од мене зема тренерки и маички за преку ден, а јас од нејзе облека за ноќен живот - рекла ќерката на Цеца.