Џет-Сет
18. May 2016 - 15:59

Им нема крај: Пејачката Сања вплеткана во секс скандал!

На скандалите од овогодинешната Евровизија им нема крај! Овој пат пејачката Сања Вучиќ е еден од актерите.
 
Всушност, британските медиуми тврдат дека српската претставничка се обидела да го заведе нивниот пејач ЏО Вулфорд.
 
Џо, заедно со колегата Џејк  Шејкшафт ја претставија Велика Британија на Евровизија оваа година, а како што е соопштено од страна на порталот „Дејли Стар“, Сања, наводно, го забележала на церемонијата на отворањето во Стокхолм, кога таа се обидела да го убеди да дојде со неа во хотелската соба.
 
Иако Џо успеал да се спротивстави на нејзиниот шарм, таа продолжила да го профонува, пишува весникот, кој тоа го нарекува „Евровизиски секс скандал“, и додава дека колегите и организаторите биле шокирани од нејзиното однесување.
 
- Сања цело време го следеше Џо. Опседната е со него, - изјавил еден извор.