Им било судено: Маж нашол фотографија од сопругата сликана 11 години пред да се венчаат, се шокирал кога видел што има на неа
Брачна двојка вели дека нивната врска бикла „запишана во ѕвездите“, откако мажот се видел себеси на една нејзина фотографија од пред 18 години, кога не се ни познавале. Је, кој денес има 35 години, и Ксуе 2000 година со своите семејста го посетиле градот Кингдао во источна Кина. Денеска се 10 години во брак, а во тоа време биле тинејџери и не се познавале.
Фотографијата ја покажува младата Ксуе во бел фустан, додека во позадина е момчето кое подоцна ќе и стане сопруг. Је вели дека веднаш се препознал на фотографијата, зошто и тој има своја која направена истиот ден, на истото место.
-Кога ја видов фотографијата, бев изненаден и ме полазаа морници по телото. Тоа беше мојата поза за сликање, рече тој за „Сина Њуз“ и додаде дека и самиот се сликал и ја објавил фотографијата на социјалните мрежи, во истата поза, само од друг агол.
Је, кој денес е татко на близначки, рече дека биле кај бабата кога ги гледал старите фотографии од својата сопруга за да види на кого повеќе му личат децата. Тогаш се здогледал себеси во аголот на фотографијата и извикал дека тоа е тој.
-Знаев дека и мојата сопруга била во Кунгдау на одмор, но останавме на тоа зошто тогаш не се познававме, рече објаснувајќи дека го полазале морници.
Двојакта која се запознала во 2011 година и стапила во брак година дена подоцна, вели дека и двајцата биле изненадени, но и среќна, верувајќи дека нивната врска е судбина.
-Мојата сопруга вели дека не знам да бидам романичен. Ќе и покажам јас романтика, рече Је кој фотографиите ги објави на социјалните мрежи и станаа вирални.
-Се чини дека Кунгдао е навистина еден од посебните градови за нас, рече тој. - Кога ќе ни пораснат децата повторно ќе одиме таму и ќе се фотографираме сите, заклучи тој.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп