Џет-Сет
2. July 2020 - 10:35

Илон Маск продава дел од имотот во Лос Анџелес за 62,5 милиони долари

Основачот на компаниите Тесла и Спејс-Икс – Илон Маск продава четири од своите недвижни имоти во Лос Анџелес. Вкупната цена е 62,5 милиони долари.

Американските медиуми претходно објавија дека Маск го продава имотот во елитната населба Бел Ер, и тоа за 29 милиони долари. Првичните информации говорат дека Маск договорил продажба на куќата на градежната компанија Ел-ел-си – сопственост на Арди Тавангаријан.

Маск во мај на Твитер објави дека ќе го продаде целиот свој имот и нема да има свое живеалиште.