Ракомет
5. јуни 2017 - 16:33

Илјадници симпатизери утре ќе ги дочекаат македонските херои - Ракометарите на Вардар

 Македонските ракометни херои   во вторник  се враќаат во Скопје каде се подготвува  епски дочек каков што доликува на европски првак.

Дека Македонија го сака спортот и знае да ги поздрави своите јунаци покажа и вечерта по финалната пресметка во која Вардар со гол во последната секунда  го порази големиот фаворит Пари СЕн Жермен и го освои првиот европски трофеј.  Се славеше во Скопје но и во Келн пред и во хотелот каде беше сместен новиот европски првак.

Денеска во градот Скопје  состанок на тема организација на дочекот на ракометарите кои го постигнаа овој величествен успех.          

Авионот со вардаровата експедиција се очекува да пристигне во вторник некаде околу 11 часот по што специјалниот автобус ќе ги донесе во престолнината каде ќе продефилираат низ улиците на Скопје а потоа  некаде околу пладне ќе пристигнат  пред Портата Македонија  каде од свечената бина ќе им се обратат  на своите фанови.  Најавено е и обраќање на спонзорот и сопственик на клубот Сергеј Самсоненко.

Македонија и градот Скопје подготвуваат  величествен пречек на што веќе и навикнавме по успесите на нашите спортисти. Да потсетиме на  славјето со нашите најдобри кошаркари и раккометната селекција.

Ни останува само да посакаме  низ портата на триумфот  и во иднина да минуваат спортисти кои ќе носат успеси од европските Арени.