Илјадници на протести во Сиднеј поради рестриктивните мерки, реагираше полицијата
Илјадници луѓе се собраа денеска во Сиднеј и другите австралиски градови во знак на протест против рестриктивните мерки воведени поради зголемиот број новозаразени. Полицијата уапси неколку лица откако демонстрантите ги пробија бариерите и фрлаа пластични шишиња и други предмети кон полицијата.
Во Сиднеј демонстрантите, без маски на лицата, прошетаа од паркот „Викторија“ до градското собрание во центарот, носејќи пароли на кои пишуваше „Слобода“ и „Вистина“. Забележливо е големото присуство на полицијата и припадниците на специјалните единици, бидејќи надлежните велат дека станува збор за незаконски протестни активности.
Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека го признава и поддржува правото на слобода на говор и мирно собирање, но дека протестот претставува кршење на одредбите за јавно здравје. Во последните 24 часа, во оваа земја се регистрирани 163 нови случаи на коронавирус. Нови рестриктивни мерки се воведени на пошироката територија на Сиднеј и траат веќе четири недели. Протести имаше и во Мелбурн, каде илјадници демонстранти извикуваа „слобода“. Во Аделаида се одржа автомобилски протест, а полицијата предупреди дека ќе апси за недозволени активности.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува