Свет
6. December 2020 - 19:48

Илјадници луѓе евакуирани во Франкфурт поради бомба од Втората светска војна

Околу 13 илјади луѓе денеска беа евакуирани во Франкфурт за да биде деактивирна британска бомба од Втората светска војна тешка околу 500 килограми. Бомбата била пронајдена на градилиште и морало да биде спроведена евакуација во околината.

Локалните власти информираа дека поради пандемијата отстранувањето на бомбата ќе трае подолго од вообичаеното.

Во Германија релативно често се случува да бидат пронајдени бомби заостанати од Втората светска војна. Последната, најголема од овој период беше пронајдена во 2017 година, исто во Франкфурт. Таа бомба беше тешка 1,4 тона и беа евакуирани 65 илјади жители на градот.