Македонија
3. July 2022 - 17:16

Илјадници граѓани се спротиставија на предлогот, вечерва нов протест пред Владата

Илјадници граѓани излегоа пред Владата за да кажат „НЕ“ за францускиот предлог и ултиматумот за влез во ЕУ. Меѓу нив и поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов заедно со својот син и претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев. Револтот дојдоа да го искажат и амбасадорите Мартин Треневски и Василка Попска Треневска, актуелни политичари, речиси целото раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводени од лидерот Христијан Мицкоски, актуелни градоначалници, претседателот на СПМ, лидерот и членови на Левица. На овој протест обединети и заедно застанаа поранешната пратеничката од СДСМ Весна Бендевска која е член на Комисијата за заштита од дискриминација и Весна Јаневска член на Комисијата за образование во ВМРО-ДПМНЕ. Со пораки за неприфаќање на францускиот предлог се обратија универзитетски професори и јавни личности. Да не се прифати предлог кој ќе значи целосно обезличување, губење на идентитетот, јазикот и историјата.

Протестот помина мирно, со изведба на химната, скандирање „Оставка“ и „НЕ за асимилација и бугаризација“. Голем број транспаренти испишани со пораки до владата. За денеска е најавен нов протест со почеток во 19 часот.