Бизнис
19. February 2020 - 17:09

Илјадници граѓани пријавуваат јавувања од непознати броеви, за да се заштитите, не одговарајте на повиците

Kорисниците на мобилни мрежи –мета на хакерски напади. Утринава илјадници граѓани добиле краток телефонски повик со префикс од странска земја.

Доколку го побарате повратно непознатиот број - услугата се тарифира како меѓународен повик, кој  се наплаќа многу поскапо.

На бројот никој не одговара, трае неколку секунди и веднаш се прекинува. Граѓаните во паника, не знаат колку ќе ги чини оваа измама. Од хакерскиот напад не бил поштеден ниту директорот на Агенцијата за електронски комуникации

- Еве и јас утринава во 6,30 добив ваков повик. Се работи за класична телефонска измама. Апелирам граѓаните да не вртат на пропуштениот број, кој е многу краток, затоа што веднаш ги пренасочува кон друга мрежа. Тој повик се наплаќа повеќе, бидејќи се тарифира како меѓународен повик, изјави Сашо Димитријовски, директор на АЕК.

Телекомуникациските оператори А1 и Телеком веднаш ги блокирале броевите и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Сепак, доколку некој вртел и се чувствува оштетен ќе треба да поднесе приговор до операторот, од каде ќе му бидат одбиени парите

-Операторите ги блокираа броевите од овие земји, јас не варувам дека ќе се повтори наредните денови од некоја друга земја, додава Димитријовски

Од опертаторите   апелираат корисниците да бидат внимателни и да не одговараат на пропуштени повици од непознати земји  и непознати броеви.