Илјадници граѓани останаа без кров над главата - Поплавите уништија голем број домови
Огромни штети предизвика синоќешното невреме во скопските општини Аеродром и Кисела вода. Семјеството Ристови е една од фамилиите со целосно уништен дом после поплавата. Со солзи во очите раскажуваат што се случувало сношти, и низ што се поминале да се спасат од надојдената вода.
Невремето направи и огромно свлечиште кај станбен објект што е во изградба во населбата Аеродром. Водата од улицата во близина има нанесено големи штети на инвеститорот. Жителите од Лисиче посочуваат дека целосно биле поплавени и подземните гаражи во новите згради, но за среќа водата се повлекла.
Штети има во Кисела вода. Заради огромните количини на вода и поплавени улици има и превртени автомобили.
Од невремето има и голем број на оштетени автомобили во кои биле паркирани во близина на дрвјата. Надлежните се на терен и ги проценуваат штетите.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар