Македонија
1. May 2016 - 17:59

Илјадници граѓани го слават Велигден во Охрид

Илјадници верници присуствуваа на Велигденските богослужби во градот со 365 цркви каде точно на полноќ со биење на камбаните беше објавена радосната вест за Воскресението Христово.

Централната богослужба се одржа во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник, со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Меѓу верниците на Плаошник имаше и познати јавни личности, политичари како и голем број гости од земјава и светот.Претседателот на собранието Вељановски упати порака како на овој ден кога се сплотени граѓаните во Македонија се повеќе денови да има во годината на сплотеност.

Многубројните посетители со свеќи во раце се помолија за  здравје среќа и благосостојба.

На полноќ верниците се кршеа со велигденски јајца и си го честитаа празникот со поздравот Христо Воскресе Навистина Воскресе .

Велигден е најголемиот празник за православните христијани, наречен Празник на сите празници.