Свет
15. September 2019 - 15:45

Илјадници демонстранти против теренските автомобили: Активисти во Франфурт во блокираа влезот на Саемот

Активисти го блокираа главниот влез на саемот на автомобили во Франкфурт, протестирајќи против, како што наведуваат „разорувачите на климата и животната средина“ во автомобилската индустрија.

Стотици луѓе во бели костуми седеа на земја или стоеја пред влезот за изложбата на автомобили, пренесува АП.

Саемот уште вчера привлече илјадници демонстранти, од кои многумина дојдоа на велосипеди во градот по автопатот кој привремено беше затворен за таа прилика.

Полицијата соопшти дека имало 15.000, додека организаторите рекоа дека учествувале 25.000 луѓе.

Групите за заштита на животната средина велат дека трендот кон поголеми и појаки автомобили, посебно џипови, бара зголемување на ефикасноста на горивата во последните децении.