Балкан
27. October 2015 - 14:01

Илјада лекари од Србија бараат потврда за да заминат на работа во странство

Оваа година потврда за заминување на работа во странство од Лекарската комора на Србија побарале илјада лекари, јави Танјуг.

- Бројот на лекари кои бараат таква потврда е илјада, и е ист како и лани. За споредба, во 2012 година таква потврда побарале само 214 лекари, изјави Весна Јовановиќ, шеф на Лекарската комора на Србија. 

Според неа, специјалистите заминуваат поради лоши материјални услови, а младите лекари поради „безнадежност дека ќе се вработат“.