Балкан
22. December 2015 - 9:05

Илир Мета ја одложи посетата на Србија

Претседателот на албанскиот Парламент Илир Мета ја одложи најавената посета на Србија поради неговата парламентарна агенда.

Мета посетата ќе ја рализира во месец јануари 2016 година.

Албанската парламентарна делегација, предводена од Мета, во Белград требаше да престојува од 21 до 23 декември, на покана на неговата српска колешка Маја Гојковиќ, која во април годинава престојуваше во Албанија.

Освен средбата со претседателката на српскот Парламент, планирани беа средби и до премиерот Александар Вучиќ, претседателот Томислав Николиќ, како и со други високи српски функционери.

Мета во Белград досега престојувал двапати, еднаш како шеф на дипломатијата и еднаш како лидер на партија поканет од тогашниот српски претседател Борис Тадиќ.